ВИТА-ВЕТ ДОО СКОПЈЕ ќе му ги рефундира средствата на купувачот, доколку е извршена погрешна уплата и правото може да се оствари со поднесување на писмено барање и доказ за уплата, со наведување на датумот кога е извршена погрешната уплата и во која сума.
Доколку не сме во можност да Ви го доставиме нарачаниот производ, ќе Ви биде предложена соодветна замена, или во краен случај уплатените средства ќе Ви бидат вратени.
Доколку потрошувачот ја откаже нарачката, по добивање на известување за потврда за нарачката, а пред да се изврши достава, на потрошувачот ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.
Доколку е направен обид за достава а потрошувачот одбил прием на пратката, на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија и трошоците за достава.
Доколку платена и потврдена нарачка не може да се испорача поради погрешни дадени податоци од страна на потрошувачот (неточна адреса, телефон, емаил), на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија и трошоците за достава.