Оваа Политика на приватност содржи објаснувања за обработката на лични податоци при посета и / или користење на интернет услугите достапни на нашата веб продавница www.vetshop.mk.

Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата www.vetshop.mk и купувачите на производи преку оваа веб страница (понатаму “корисниците“).

За успешно реализирање на нарачките, неопходно е да ги обработуваме податоците за име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. ВИТА-ВЕТ ДОО Скопје се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите купувачи. Ги собираме само наведените основни податоци за купувачите (корисниците) кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Во случај на враќање или замена на производи ги обработуваме податоците кои се неопходни за постапување соодветно на барањето на купувачот. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во ВИТА-ВЕТ ДОО СКОПЈЕ се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производи кои нашите корисници ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

Веб страницата www.vetshop.mk не е наменета за лица под 14 години. ВИТА-ВЕТ ДОО СКОПЈЕ нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.

vita-vet@vita-vet.mk
070/270-963